До крајот на денов облачноста постепено ќе се намалува, локалното провејување на снег кое го имавме ќе престане, но ќе продолжи да дува умерен, на моменти локално засилен ветер од северен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени во најтоплите предели од државава.
Потоа во следните неколку дена ќе имаме претежно стабилно и суво време, што значи следува еден период на стабилно и суво време. Времето ќе биде сончево, повремено со умерена локална облачност, само во среда навечер и во текот на ноќта кон четврток ќе има услови за сосема слабо и локално провејување на снег.
И во текот на следниот период, повремено ќе дува умерен, на некои места повремено засилен ветер од северен правец. Максималните дневни температури на почетокот на неделава ќе се искачуваат во интервалот претежно од 1 до 9 степени, наутро истите понекаде ќе се спуштаат и до околу -10 степени.
Подготви: Славчо Попоски