Најниска минимална плата во ЕУ има во Бугарија, највисока во Луксембург

by Фокус

Минималната месечна плата во земјите на Европската унија се движи од 332 евра во Бугарија до 2.202 евра во Луксембург.

Според податоците на Евростат, во јануари 2021 година минималната плата во десетт земји-членки на ЕУ била под 700 евра, сите во земјите од Централна и Источна Европа.

По Бугарија (332 евра), најниски минимални плати се забележани во Унгарија (442), Романија (458), Летонија (500), Хрватска (563), Чешка (579), Естонија (584), Полска (614), Словачка (623) и Литванија (642).

Во петте земји, претежно на југот на ЕУ, минималните плати се движеа од 700 до 1.100 евра, почнувајќи од Грција (758), Португалија (776), Малта (785), Словенија (1.024) и Шпанија (1.108).

Највисок минимум во ЕУ добиваат граѓаните на земјите од запад и север од Унијата: Франција (1.555 евра), Германија (1.614), Белгија (1.626), Холандија (1.685), Ирска (1.724) и Луксембург (2.202).

Поврзани новости