Најмногу општински пари од Битола добиле концертите на Прагма и Авалон продукција

by fokus

Општина Битола ги објави сумите кои биле одвоени од буџетот за поддршка на културни настани кои во текот на годината се одржале во општината.

На листата се наоѓаат шестнаесет настани, а помеѓу оние за кои општината одвоила најмногу средства се трите концерти на Авалон Продукција (Медуњанин, Бебек и Рундек) со 600.000 за сите три, и манифестацијата Битола отоворен град, со истата сума од 600.000 денари.

Веднаш зад нив се наоѓа Прагма, за концертот на Петар Грашо, со 500.000 денари општински пари.

Потоа следува манифестацијата Одбележување на 60 години Македонско научно друштво Битола со сума од 375.000 денари, Фестивал на музика и вино со 300.000 денари, концерт на Галија и Нокаут, настани кои треба да се одржат неделава, со 250.000 денари, ИФФК Браќа Манаки со 220.000 денари и други.

Според општината, сумите се објавени со цел транспарентност, бидејќи Битола била општина на врвот на земјата според отчетност, пишува на официјалната општинска страница.

Од објавеното, Битола потрошила 3,911.000 денари за културни настани, односно над 60 илјади евра.

Вики Клинчарова

Поврзани новости