517
Четворица кумановци коишто работат во странство и двајца кои што биле на одмор во Охрид, се меѓу вчерашните регистрирани позитивни на коронавирус во Куманово.
Како што соопшти Центарот за јавно здравје во Куманово, од 24 нови случаи во Куманово и двајца во Липково кои се регистрирани вчера, дел се од стари, а има и од нови кластери.
„Меѓу новозаболените, покрај повратниците кои пред 4-5 дена дошле дома имаме и четворица асимптоматски, кои направиле ПЦР тестови за да се вратат во странство каде што живеат. Новозаболени се и двајца кумановци кои се вратија од одмор од Охрид, а имаме и поединечни изолирани случаи од неколку кумановски фирми“, изјави директорот Ариф Љатифи.
Најмладиот заразен е на 12-годишна возраст, а најстариот на 83 години.