Најмалку шестмина повредени на првиот ден од трката со бикови во Памплома

by Fokus

Шест лица се повредени на првиот ден од овогодишната трка со бикови во Памплона, Шпанија, соопштија денеска лекарите.

Едно лице се здобило со повреда на главата, а другите пет се здобиле со модринки, изјави за РТВЕ портпаролот на локалната здравствена служба.

Неколку повредени се хоспитализирани. Секој ден до 14 јули, стотици луѓе ќе ловат шест огромни бикови, од кои некои тежат над 600 килограми, и неколку волови низ сокаците на Памплона сè до арената.

Биковите потоа ги убиваат матадорите во арената. За време на трката на патеката долга 875 метри, секоја година се повредуваат десетици тркачи, од кои повеќето се млади мажи. Од 1924 година досега имаше 16 смртни случаи, а последниот беше во 2009 година.

Активистите за права на животните ги нарекуваат трките со бикови „средновековна суровост“. И покрај ова, фестивалот сè уште привлекува илјадници посетители од целиот свет.

Поврзани новости