Најмалку седум загинати во поплавите во италијанскиот регион Анкона

by Fokus

Силни дождови и поплави го погодија централниот италијански регион во четвртокот, при што загинаа најмалку седум лица, додека уште три се водат како исчезнати, објавија денеска италијанските медиуми. Локалните власти рекоа дека не очекувале ваква ненадејна „водена бомба“, бидејќи околу 400 милиметри дожд паднале во рок од два до три часа, поплавувајќи ги улиците на неколку градови во провинциите Анкона и Пезаро-Урбино.

Снимката објавена од противпожарните бригади покажува дека операторите се движат по улиците на приморскиот град Синигалија на чамци за да ги спасат луѓето и да ги евакуираат. Спасувачките служби сè уште трагаат по преживеани, соопштија властите. Во меѓувреме, лидерот на италијанската централно-левичарска Демократска партија на Твитер напиша дека ќе ја прекине кампањата во регионот пред националните избори на 25 септември.

Поврзани новости