Најмалку седум пратеници од партијата Има таков народ (ИТН) го напуштаат лидерот Слави Трифонов, кој минатата недела реши да излезе од владината коалиција, објави 24часа.бг.
Тие ќе излезат од пратеничката група на ИТН, но сè уште немаат постигнато договор за соработка со партијата Продолжуваме со промените на премиерот Кирил Петков. Дополнително ќе очекуваат понуди за партнерство, пишува 24часа.бг.
Пратеници се организирани од министерот за спорт од ИТН, Радостин Василев, кој бил против напуштање на владата.
Во групата осум пратеници се досегашната организациска секретарка на ИТН, Викторија Василева, како и Николај Радумов, Светлин Стојанов, Иво Атанасов, Ивајло Христојв, Дејат Петков, Христинка Иванова и Георги Георгиев. Сепак Василева се предомислила и се вратила кај Трифонов, но конечната бројка ќе се знае вечерва за кога Трифонов закажал средба со пратениците.