Најмалку седум отсто од Европејците сами го празнуваат Божик

by Fokus

Милиони граѓани на Европската Унија сами ќе го дочекаат Божик и немаат со кого да разговараат за себеси, објави „Евроњуз“.

Според истражување на Европската комисија, околу седум отсто од населението на ЕУ живее во изолација. Повеќето осамени луѓе во Европа живеат во Италија, Франција, Луксембург, Португалија и Холандија.

Во Италија, 13,2 отсто од луѓето изјавиле дека немаат од кого да побараат помош доколку им е потребна, а 11,9 проценти немаат со кого да ги споделат личните проблеми и радости и да разговараат за тоа што ги мачи. Во Франција, 12,3 отсто од луѓето немаат со кого да разговараат.

Стапките на осаменост се најниски во Словачка, Чешка и Шпанија, каде што таа бројка е под три отсто.

Поврзани новости