607
Најмалку пет деца загинаа откако изби пожар во детски камп во ски-центарот Холдоми во Хабаровскиот крај на рускиот Далечен Исток.
Меѓу загинатите се три девојчиња од 10 и две од 11 години, а уште едно дете е во тешка здравствена состојба. Во пожарот повредени се 12 луѓе, од кои седум се деца.
Огнот избил во еден од шаторите, а потоа се проширил на 26 шатори од кои 20 целосно изгореле.
Во кампот за време на пожарот имало 189 деца. Се уште се испитува причината за пожарот.