Најмалку осуммина ирачки полицајци загинаа во експлозија на бомба во близина на Киркук

by Fokus

Најмалку осум ирачки полицајци загинаа денеска во експлозија на бомба во близина на нивниот конвој југозападно од градот богат со нафта Киркук, изјавија два безбедносни извори за Ројтерс, пренесува Хина.

Експлозијата се случила во близина на селото Сафра, кое се наоѓа на околу 30 километри југозападно од Киркук, рекол изворот, додавајќи дека двајцата ранети полицајци се во критична состојба.

Засега никој не ја презеде одговорноста, но милитантите на терористичката Исламска држава се активни во областа.

Во декември 2017 година, Ирак прогласи победа над групата која некогаш држеше големи делови од земјата.

Поврзани новости