311
Најмалку осум лица, вклучително и деца, загинаа откако вчера се урна зграда во североисточната бразилска држава Пернамбуко, објаву Си-Ен-Ен, повикувајќи се на државниот Секретаријат за социјална одбрана (СДС) на Бразил.
Меѓу загинатите има деца на возраст од пет, осум, 12 и 16 години, соопшти државниот Секретаријат за социјална одбрана мна Бразил.
Три лица се спасени живи, а уште пет се водат како исчезнати по уривањето на зградата во населбата Јанга во предградието на главниот град на државата Ресифе, соопшти СДС.
Пожарникарите и тимовите за јавна безбедност се мобилизирани во областа за да помогнат во тековните спасувачки операции, објави СДС.