Најмалку осум играчи во Серија „А“ се заразени со корона вирусот

by fokus

Најмалку осум играчи во Серија „А“ се заразени со корона вирус, соопштија од централата на натпреварувањето.

Торино изјави дека има двајца заразени, а Наполи пријавил еден позитивен случај.

Рома и Каљари пријавија случаи на заразени во нивните екипи во средата.

Не сите заразени играчи имаат симптоми на корона вирус.

Новата сезона во Серија „А“ треба да започне на 19 септември. Во Италија се зголемува бројот на случаи на заразени со коронавирус, откако беа пријавени 845 нови случаи.

Италија е една од најпогодените земји, откако повеќе од 35.000 луѓе починале од ефектите на коронавирусот досега.

Поврзани новости