Најмалку две лица загинаа во напад со нож во средно училиште во Словачка

by Fokus

Најмалку две лица загинаа, а едно е тешко повредено во напад во средно училиште во Спишка Стара Веса во Словачка, кога ученик од тоа училиште со нож ги нападнал учениците и наставниот кадар, објави порталот Та3.

Напаѓачот, 18-годишен ученик е уапсен, а една жртва е во критична состојба.

„Повеќе екипи за итни случаи се на терен. Според потврдени информации, два животи се загубени, а едно лице е во критична состојба. Се уште не е познат бројот на други повредени“, изјави Данка Чапакова, портпарол на Спасувачката здравствена служба на Словачка, пренесува Танјуг.

Министерот за внатрешни работи на Словенија, Матуш Шутај Ешток, го осуди нападот врз учениците, додавајќи дека излегол на местото на трагедијата и изразил сочувство до семејствата на жртвите.

Поврзани новости