Најмалку девет загинати, меѓу кои и четири деца, во експлозија во станбена зграда во Русија

by Fokus

Најмалку девет лица, меѓу кои четири деца загинаа при експлозија на плинска боца во станбена зграда на 19 ноември, на рускиот остров Сахалин, соопштија тамошните власти.

Дел од петкатницата во градот Тимовское се урна откако во еден од становите експлодираше плинска боца околу 5:30 часот по московско време, соопштија надлежните.

Гувернерот на Сахалин, Валери Лимаренко, на социјалната мрежа Телеграм напиша дека спасувачките тимови бараат уште жртви под урнатините. Лимаренко рече дека некои од 33-те лица за кои се знае дека живееле во зградата, уште не се пронајдени.

Обвинителството отвори истрага за експлозијата, додека Истражниот комитет отвори кривично дело за предизвикување смрт и материјална штета од небрежност.

Поврзани новости