331
Најмалку 10 луѓе загинаа во денешниот ракетен напад на милитантите во источна Сирија, кога беше погоден автобус со вработени во нафтената индустрија, соопштија сириските власти.
Нападот се случил во источната сириска источната провинција Деир ал-Зор.
Се уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, а Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон соопшти дека нападот е дело на Исламската држава.
Силите предводени од сириските Курди во северниот дел на земјата денеска соопштија објавија дека уапсиле 52 милитанти во операција против ќелиите на ИД.
Сириските демократски сили поддржани од САД, предводени од Курдите, објавија дека спречиле напад на ИД планиран за новогодишната ноќ.