Најмалку четири лица загинаа во силен земјотрес на Хаити

by Fokus

Земјотрес со прелиминарна јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Хаити рано утрово, при што загинаа најмалку четири лица, а 36 се повредени, соопштија властите.

Земјотресот се случи пред зори во близина на југозападниот крајбрежен град Џереми на длабочина од шест милји или 10 километри, според Американскиот Геолошки завод.

„Мислев дека целата куќа ќе падне врз мене“, изјави Ерик Мпитабакана, претставник на Светската програма за храна во Џереми, за Асошиетед прес.

Куќи се урнаа во земјотресот, а клучната рута што ги поврзува Џереми и Лес Кејс беше блокирана, соопшти Агенцијата за цивилна заштита на Хаити.

Тројца од луѓето кои загинаа беа пронајдени под урната куќа каде што спасувачите трагаа по повеќе луѓе, изјави за АП Франкел Магинаир, од Агенцијата за цивилна заштита на Хаити во Џереми.

Тој рече дека неколку деца се хоспитализирани со повреди кои ги добиле откако испаничиле и трчале.

Толпа луѓе се собраа околу еден дом кој се урна додека се обидуваа да најдат преживеани во урнатините. Тие ја извадија последната жртва завиткана во чаршаф, објави „АБЦ њус“

Клод Препетит, геолог и инженер од Бирото за рудници и енергија на Хаити, изјави за Радио Караибес дека помалите земјотреси што се случија претходно оваа година во јужниот дел на Хаити доведоа до поголемиот што ги погоди денес.

Земјотресот се случи речиси две години по земјотресот со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала што го погоди јужниот дел на Хаити и уби повеќе од 2.200 луѓе, а најголемата штета претрпе Лес Кајс. Некои луѓе кои ги загубија своите домови тогаш сè уште живеат во кампови.

Ууилиштата, банките и другите институции во Џереми останаа затворени, а спасувачките тимови претходно барале преживеани во урнатините.

Земјотресот се случува додека Хаити се бори да се опорави од силните поплави за време на викендот во кои загинаа најмалку 51 лице, 140 беа повредени и поплавени речиси 31.600 домови. Премиерот Ариел Хенри побара меѓународна помош.

Поврзани новости