Руската армија утринава погодила медицински центар во Суми, во североисточна Украина, а во моментот на евакуација повторно бил погоден при што загинале девет лица, а 11 се повредени, соопштија официјални лица.
Во моментот на нападот, во болницата имало 86 пациенти и 38 лекари и друг персонал, објави Euronews.
„Во првиот напад загина едно лице и беа оштетени неколку ката, а во нападот што следеше среде евакуацијата загинаа уште пет лица“, изјави министерот за внатрешни работи Ихор Клименко.
Подоцна претседателот Володимир Зеленски изјави дека девет лица ги загубиле животите, а 11 се ранети.
Регионалните власти соопштија дека се работи за напад со дрон. Суми се наоѓа на само 32 километри од руската граница, а нападите врз тој град зачестија по упадот на украинската војска во областа Курск. Украинските воздухопловни сили објавија дека денеска собориле 69 од 73 беспилотни летала, а над Киев и неговата околина биле соборени 15 дронови.