Најмалку 75 проектили истрелани во денешните напади врз Украина

by Fokus

Началникот на генералштабот на украинската армија Валериј Залужни соопшти дека денеска врз Украина биле истрелани 75 проектили.

Залужни на Твитер напиша дека 41 од нив биле соборени од воздушната одбрана на Украина.

„Вооружените сили прават се за да ги заштитат сограѓаните. Сепак, непријателскиот напад продолжува. Ги повикувам сите да останат во засолништа!“, напиша тој.

Украинското Министерство за одбрана на Фејсбук напиша дека ќе се одмазди за денешните руски ракетни напади.

 

На Твитер, пак, нагласи дека Украина никогаш нема да се предаде.

Поврзани новости