Најмалку 68 лица загинаа во израелски воздушен напад врз централниот дел на Појасот Газа, соопштија синоќа здравствените власти, а бројот на загинати израелски војници во борбите за време на викендот достигна 17.
Новинарите на Асошиетед прес во блиската болница видоа како Палестинци носат мртви, вклучително и бебе, и ранети по нападот на бегалскиот камп Магази источно од Деир ал Балах.
Според првите податоци од болницата загинале најмалку 12 жени и седум деца.
Малку претходно локалното Министерство за здравство соопшти дека загинале 70 лица, а израелската армија не коментирала веднаш, но медиумите во Израел објавија дека бројот на жртвите не е независно потврден и дека властите во Газа претходно претерале со бројот на жртвите.
Во војната што опустоши делови од Газа, беа убиени околу 20.400 Палестинци, а речиси сите 2,3 милиони жители беа раселени.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека цената на војната е висока, но, како што рече, „немаме друг избор освен да продолжиме да се бориме“.