Најмалку 62 лица загинаа во циклон во Индија

by Fokus

Најмалку 62 лица го загубија животот во циклон што ја погоди Индија последниве денови, соопштија индиските власти.

Во циклонот во близина на западниот брег на Индија потона нафтена платформа при што загинаа 26 вработени на платформата, објави „Ројтерс“.

Спасувачки бродови и авиони трагаат по уште 49 лица од платформата, кои се водат како исчезнати.

Циклонот „Тауктае“ предизвика бранови високи и до 7,6 метри, а најсилно ги погоди индиските држави Махараштра и Гуџарат, каде што остави пустош.

Поврзани новости