487
Најмалку 55 лица, меѓу кои и тројца полицајци, се повредени денеска во Париз за време на протестите на „жолтите елеци“ против зголемувањето на цените и даноците на горивата, соопшти локалната полиција.
Во Париз се уапсени 637 лица, од кои повеќето се ставени во притвор, затоа што носеле чекани, топки за петанк, цигли и камења, јавија француските медиуми.
Полицијата соопшти дека низ целата земја денеска се протворени речиси илјада луѓе.
Судирите поворно почнаа во доцните попладневни часови на Шанз Елизе, каде полицијата употреби солзавец, звучни гранати и гумени куршуми. Многу улици и булевари во главниот град на Франција се покриени со облаци од солзавец.