Американската агенција за храна и лекови (ФДА) истражува дали консумирањето краставици довело до пораст на случаите на салмонела низ целата земја, при што 54 лица се хоспитализирани. Агенцијата во средата објави дека податоците покажуваат дека „заразените“ краставици би можеле да бидат причина за 162 инфекции со салмонела. Засега не се пријавени смртни случаи.
Производителот на краставици под истрага вели дека ги повлекол производите од продавниците.
„Наш приоритет е безбедноста на клиентите. Додека ги чекаме резултатите од тестот за нашиот отповикан производ, ние сме во постојана комуникација со здравствените власти“, изјавија од Флорида Fresh Start Produce, како што објави NBC News.
Надлежните откриле салмонела во некои од тестираните краставици на компанијата, поради што производите биле повлечени од полиците. Во тек се дополнителни испитувања за да се утврди дали се работи за истиот сој на салмонела од кој заболуваат граѓаните.
ФДА и Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ), исто така, го истражуваат избувнувањето на салмонелата Braenderup, со 158 случаи во 23 држави, за кои ФДА рече дека можеби се поврзани.
„Двете епидемии споделуваат неколку сличности, вклучително и каде и кога се појавиле болестите и демографијата на засегнатите“, соопшти ФДА.