316
Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија, а многу други се повредени, изјави владин претставник.
Инцидентот се случил во вторникот вечерта, на патот меѓу државите Насарава и Бенуе.
Портпаролот на Здружението на сточари на Нигерија, Мијети Алах, рече дека овчари од групата Фулани паселе добиток од Насарава до Бенуе, каде што властите ги конфискувале животните поради кршење на законот против пасење, кога се случила експлозијата.
„Најмалку 54 лица починаа веднаш. Бројот на повредени не е познат“, додаде портпаролот.
Гувернерот на Насарава, Абдулахи Суле, не кажа колку луѓе загинале, но посочи дека причина за смртта е експлозија на бомба.
Нигериските власти истражуваат кој стои зад експлозијата.