Најмалку 50 жртви има во големиот пожар што избувнал во дискотека во Кочани

by Fokus

Најмалку 50 жртви има во големиот пожар што избувнал во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на настап на популарна македонска група, на кој присуствувале 1500 посетители, објави Плусинфо“.

До пожарот најверојатно дошло поради употреба на пиротехнички средства.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е во Кочани, а премиерот Христијан Мицкоски е на пат кон местото на трагедијата.

Наскоро се очекуваат првите официјални информации од местото на несреќата.

Поврзани новости