243
Бројот на загинати во денешните напади на Израел во Либан се искачи на најмалку 492, соопшти либанското Министерство за здравство.
Меѓу загинатите има 35 деца и 58 жени. Најмалку 1 645 лица се повредени.
Израелската војска соопшти дека денеска ги извршила најинтензивните воздушни напади врз цели на Хезболах во Либан од 2006 година, при што загинаа стотици луѓе. Според израелската војска, погодени се повеќе од 1 000 цели на либанската милитантна група Хезболах во јужен Либан и долината Бека во источен Либан.
“Меѓу погодените цели има и згради каде што Хезболах криел ракети, проектили, ракетни фрлачи, беспилотни летала и друга терористичка опрема“, се вели во соопштението на армијата на Израел.