442
Најмалку 39 лица починале, а 27 се разболеле во неколку села на северот од Индија откако испиле евтин фалш ликер кој содржи отровен метанол, пренесуват светските медиуми.
Во два одвоени инциденти во индиската држава Утар Прадеш починале 26 лица, додека 13 лица починале во соседната држава Утараханд.
Полицијата уапсила осум лица осомничени за криумчарење, а властите суспендирале 35 службеници, меѓу кои и 12 полицајци.
Смртноста поради конзумација на илегално направени алкохолни пијалоци е се поголема, зошто сиромашните не можат да си ги дозволат познатите брендови, а нелегалните пијалоци се често направени од хемикалии како што се пестицидите.