384
Најмалку 35 лица загинаа откако паднаа во бунар кога се урна подот на хинду храм во Индоре, централна Индија.
Се испостави дека подот што го покрива бунарот е всушност само плочки поставени над метална решетка.
-Покрената е истрага за трагедијата и ќе бидат обештетени семејствата на загинатите – изјави Наротам Мишра, министер за внатрешни работи на Мадја Прадеш.
Полицијата соопшти дека слабиот под попуштил под нивната тежина.
Телевизиските снимки покажуваат дека работниците за итна помош користат јажиња и скали за да стигнат до луѓето.