Најмалку 31 новинар загина во конфликтот во Газа

by Fokus

Најмалку 31 новинар се убиени досега во војната во Појасот Газа, објави невладината организација Комитет за заштита на новинарите (ЦПЈ).

Меѓу нив има 26 Палестинци, четворица Израелци и еден либански новинар. Повредени се осум новинари, а девет се сметаат за исчезнати или приведени.

Има и непотврдени информации за повеќе загинати и исчезнати новинари, закани по новинари и материјална штета на медиумски згради и новинарски резиденции.

„Новинарите во регионот прават големи жртви за да го проследат овој потресен конфликт“, велат од ЦПЈ.

„Особено оние во Газа платија и сè уште плаќаат невидена цена и се соочуваат со експоненцијални закани. Многумина ги загубија своите колеги, семејства и медиумски згради и побегнаа на безбедно кога немаше безбеден излез“, се наведува во соопштението.

Организацијата објави список со имињата на загинатите и повредените новинари, меѓу кои има вработени во информативни портали и агенции, како и во радио и телевизиски станици.

Израелската армија претходно ги предупреди новинските агенции Ројтерс и АФП дека не може да ја гарантира безбедноста на нивните новинари во Појасот Газа. Двете агенции побараа гаранции дека нивните новинари нема да бидат цел на израелски напади.

Поврзани новости