Најмалку 30 тела досега се извлечени од реката Потомак по судирот на авион и хеликоптер кај Вашингтон

by Fokus

Најмалку 30 тела се извлечени од реката Потомак во близина на Вашингтон по несреќата во која патнички авион се судри со воен хеликоптер, јавија локалните медиуми.

Нуркачите пронајдоа и една од двете црни кутии на авионот. Хеликоптерот бил превртен, но се чини дека е главно недопрен.

Несреќата се случила синоќа кога авион со 64 лица се судрил со воен хеликоптер Блек Хок со тројца војници и паднал во реката Потомак при обид да слета на националниот аеродром „Роналд Реган“ во близина на Вашингтон.

Официјален претставник за Си-Би-Ес изјави дека досега не се пронајдени преживеани.

Поврзани новости