818
Најмалку 27 луѓе загинаа во пожар што изби во зграда во јапонскиот град Осака. Огнот е изгаснат за триесетина минути и се претпоставува дека пожарот е подметнат.
Пожарот избил на четвртиот кат од зградата, каде се наоѓа клиника за ментално здравје и општа медицина.
Опожарената зграда е лоцирана во квартот Кита познат по трговските центри.