Најмалку 26 лица загинати во торнадото во САД

by fokus

Најмалку 26 лица загинаа во налетот на торнада што погодија градови во јужниот и средниот запад на САД.

Би-би-си денеска јавува дека силните ветрови оштетија куќи, а стотици илјади лица се останати без струја.

Торнадо најсилно ги погоди американските сојузни држави Вирџинија, Охајо и Пенсилванија, а помина и низ Арканзас, Тенеси, Илиноис, Индијана, Алабама и Мисисипи.

Гувернерката на Арканзас, Сара Хакаби Сандерс, пред два дена прогласи вонредна состојба во оваа сојузна американска држава, а Националната гарда е активирана за да помогне во последиците од невремето.

Сандерс кажа дека разговарала со американскиот претседател Џо Бајден за ситуацијата и дека од него добила ветување за федерална помош.

За време на концерт на хеви метал група во Белвидер, Илиноис, во петокот од невремето се урна покрив од театарот, при што едно лице загина, а 28 се повредени.

Минатата недела во торнадо во Мисисипи загинаа уште други 26 лица.

Поврзани новости