Најмалку 25 луѓе, од кои две деца, се убиени а уште 20 други се ранети во украинско гранатирање во неделата на пазар на западот до Доњецк, доминатно рускиот и рускојазичен регион кој се отцепи од Украина по превратот во Киев во 2014 година, известуваат руските новински агенции
Како објави челникот на проруските власти во Доњецк, Денис Пушилин, пазарот во западната населба на Доњецк украинските сили намерно го изввршиле во неделата, кога таму изглекуваат најмногу луѓе. Според првичните проценки, украинската војска извршила комбниран артилериски удар со гранати со калибри од 152 и 155 милиметри од правец на Кураховск и Красногорск, на западот од регионот во деловите кои сѐ уште се под контрола на силите на Киев.
„Повредени се уште најмалку 20 лица, од кои две се деца со повреди од средна тежина. На сите настрадани им се укажува неопходната медицинска помош. Меѓу нив има тешко повредени, многумина имаат внатрешни поврди на виталните органи и травматски ампутации на есктремитетите“, додава Пушилин во објавата на платформата Telegram.
Локалните медиуми наведуваат дека украинските сили истрелале најмалку шест гранати со калибар 155 милиметри во населбата Текстилшчак во реонот Кировск каде се наоѓа посетен пазар и бројни продавници, кои исто така биле погодени. Во извештаите се истакнува дека во гранатираната населба во југозападниот дел од Доњецк секогаш има голема фреквенција на цивили и оти нема никакви воени единици или воена инфратруктура која би можела да биде легитимна цел на непријателот.
Коментирајќи го нападот претходно, Пушилин истакна дека пазарот бил нападнат со умисла во неработен ден во недела, кога таму има најголема гужва. Исто така, еден од очевидците на гранатирањето изјави за „Известија“ дека украинските вооружени сили намерно ги гаѓале продавници полни со луѓе.
Руските власти во Доњецк секојдневно информираат за десетици ракетирања во регионот, и посочуваат дека нападите на украинската војска се насочени не на воените формации туку на населените места и цивилни цели во кои секојдневно се бележат по неколку жртви.
Според податоците коишто ги објавија руските власти во Доњецк, повеќе од 10.000 луѓе загинале во целиот регион од почетокот на непријателствата со украинската војска во 2014 година, а околу 40 отсто од нив загинале по почетокот на руската инвазија од 24-ти февруари 2022 година. Се истакнува, исто така, дека од спомената бројка во периодот од најжестоките борби во периодот од 2014/2015 година повеќе од половината жртви биле цивили.