Најмалку 23 лица се отруле од алкохол на погреб во Мексико

by fokus

Најмалку 23 лица починале во Мексико откако консумирале алкохолен пијалак кој содржел метил алкохол, соопштија денеска локалните власти.

Труењето се случило изминатиот викенд за време на погреб.

Пациенти со симптоми на труење и вчера биле примени во болницата. Тие се пожалиле на главоболка, гадење и повраќање.

Градските власти ги негираа гласините дека пациентите починале како резултат на епидемијата на корона вирусот.

На погребот имало околу 80 луѓе.

Поврзани новости