Дваесет и двајца мигранти, од кои три деца се удавија во близина на брегот на Либан, соопштија вчера Обединети нации.
Мигрантите девет дена биле на море во гумен чамец, а 61 човек преживеале. Најголемиот број се државјани на Мали.
– Мигрантите на 22 јуни тргнале од либискиот град Зувари, во близина на границата со Тунис. По девет дена пловење, тие беа спасени од либиската крајбрежна стража, изјави портпаролката на ИОМ, Сафа Мшехли.
Хаосот што настана по падот на режимот на Моамер Гадафи во 2011 година ја претвори Либија во рута низ која десетици илјади мигранти од субсахарска Африка, арапските и јужноазиските земји тргнуваат на пат кон Европа преку италијанскиот брег, што е само 300 километри оддалечено од либискиот брег. Неколку илјади мигранти се заглавени во Либија, каде повеќето од нив живеат во нехумани услови.