Најмалку 20 луѓе во Аргентина починаа од токсичен кокаин

by fokus

Најмалку 20 лица починаа во Аргентина од кокаин кој содржи отровна материја, а полицијата прави напори што повеќе да го повлече од улиците. Здравствените власти соопштија дека најмалку 84 лица биле хоспитализирани откако користеле кокаин измешан најверојатно со синтетички опиоиди, а некои сè уште се на респиратор.

Жртвите се претежно млади Аргентинци од сиромашните квартови околу главниот град Буенос Аирес.

Полицијата соопшти дека до денеска запленила 15.000 мали пакувања со токсични лекови и уапсила седум лица.

– Сè уште не се готови токсиколошките тестови кои треба да покажат која супстанца се меша со кокаин, но најверојатно станува збор за синтетички опиоид кој се користи за подобрување на дејството на кокаинот, изјави Серџо Берни, министер за безбедност во провинцијата Буенос Аирес.

Од Центарот за правни и социјални студии, невладина истражувачка организација која се залага за легализација на некои дроги, велат дека легализацијата на одредени количини за лична употреба ќе овозможи поголем надзор и инспекција.

Поврзани новости