444
Најмалку 19 лица загинаа денеска во руското бомбардирање во околината на Одеса, на југот на Украина, покажуваат ажурираните податоци на украинските служби.
Кабинетот на украинскиот претседател соопшти дека три руски ракети погодиле станбена зграда и два кампа.
Видеото од нападот пред зори ги прикажува урнатините на зградите во малиот град Серхијивк, на околу 50 километри југозападно од Одеса.
Претходно беше соопштено дека, во нападите од авион од правец на Црното Море загинале 17 лица, а 30 се ранети.
Меѓу жртвите има и деца, соопшти украинската служба за итни случаи.