Најмалку 19 верници загинаа во експлозија во џамија во Пакистан

by fokus

Во експлозија во џамија загинаа 19 верници, а десетици беа ранети во северозападниот пакистански град Пешавар, изјави официјален претставник на локалната болница, а многу од жртвите се полицајци кои се собрале на дневна молитва.

Според полицијата, џамијата се наоѓала во близина на полицискиот станбен блок, а во него имало околу 260 луѓе кога се случила експлозијата.

-Тоа се случи за време на молитвата. Се урна двокатна зграда, изјави очевидец за локалниот информативен канал Гео ТВ, велејќи дека бил пред џамијата кога се случила експлозијата.

Мухамед Асим, портпарол на болницата Лејди Ридинг во Пешавар, рече дека примиле 90 повредени, а некои се во критична состојба.

Поврзани новости