1
Се истражува инцидентот на меѓународниот аеродром Пирсон во Торонто, Канада, кој се случил за време на слетувањето на авион на „Делта ерлајнс“ кој доаѓал од Минеаполис.
Сите 80 патници и членови на екипажот во авионот, кој летал од Минеаполис, ја преживеале несреќата, но се уште не е јасно како се превртел авионот.
…Reposted off Twitter. Sad. @Delta plane emergency at @TorontoPearson pic.twitter.com/0ls0xiLEKp
— Patrick Oyulu (@OyuluPatrick) February 17, 2025
Патниците, кои носеле појаси, останале да висат на седиштата.
Регионалната болница во Торонто Пил соопшти дека во инцидентот биле повредени 18 лица. Од нив едно дете и двајца возрасни биле тешко повредени.
Од полицијата велат дека се уште не знаат како дошло до несреќата.