3
Флорида се уште ги чисти соборените дрвја и далноводи и поплавените населби по ударот на ураганот Милтон, оставајќи најмалку 16 мртви.
Иако Милтон не го предизвика катастрофалниот наплив на морска вода за кој се стравуваше во Флорида, една од многуте држави погодени од ураганот Хелена пред две недели, операцијата за чистење за некои може да трае со недели или месеци.
-Тоа ви ги отвора очите за тоа што може да направи мајката природа – изјави Чејс Пирс од Западен Сент Луис за Ројтерс.
Петтиот најсилен ураган во Атлантикот досега, Милтон би можел да ги чини осигурениците до 100 милијарди долари, велат аналитичарите.
Белата куќа вети поддршка од владата бидејќи се уште се утврдува целосниот обем на штетата.