364
Авион со 72 патници се урна денеска во Непал, а во несреќата загинаа најмалку 16 лица, соопштија официјални претставници на таа држава.
Авионот АТР72 на авиокомпанијата Јети ерлајнс (Јети ерлајнс) летал од Катманду кон Похара и при слетувањето се урнал и се запалил, јавија светските агенции.
Во авионот имало 68 патници и четворица членови на екипажот, изјави портпаролот на авиокомпанијата, додавајќи дека не се знае дали има преживеани. Од местото на несреќата се извлечени 16 тела.
Авионот се урнал меѓу стариот и новиот аеродром Похара во централен Непал, 200 километри западно од Катманду.
-Трупот на авионот бил во пламен, а спасувачите се обидувале да го изгаснат пожарот, изјави локален претставник на Гурудут Дак.