Најмалку 15 лица загинаа во експлозија на илегална рафинерија за нафта во Нигерија

by Fokus

Најмалку 15 лица загинаа во експлозија во илегална нафтена рафинерија во округот Емохуа, во Нигерија.

Меѓу жртвите има бремена жена, жители и членови на локалната група за заштита на животната средина, пренесува Ројтерс.

Според агенцијата, бројот на жртвите најверојатно ќе се зголеми бидејќи многу тела изгореле, а десетици се повредени.

Од полицијата потврдија дека имало инцидент, но не соопштуваат детали.

Експлозиите во локалните рафинерии се вообичаени во Нигерија богата со нафта, а операторите често ги избегнуваат регулаторите лоцирајќи ги рафинериите во оддалечените области.

Работниците во таквите објекти ретко ги следат безбедносните процедури, што доведува до чести инциденти, вклучувајќи го и пожарот во државата Имо минатата година во кој загинаа повеќе од 100 луѓе.

Кражбата на нафта е исто така честа појава во земјата, а од јануари 2021 година до февруари 2022 година, Нигерија изгубила сурова нафта во вредност од три милијарди долари поради кражба.

 

 

Поврзани новости