Најмалку 12 загинати во катастрофален пожар во Шпанија

by vlatko 20:36
20:36

Најмалку 12 лица загинаа во катастрофалниот шумски пожар што ја зафати шпанската покраина Андалузија, а уште 19 лица се водат како исчезнати, соопштија регионалните власти.

Според шпанскиот весник „Ел Паис“, бројот на жртви се искачил откако рано утрово била потврдена смртта на уште шест лица. Пожарот избувнал во општината Лос Гаљардос, во провинцијата Алмерија.

Првичните информации укажуваат дека дел од загинатите, за кои се претпоставува дека биле странски туристи, се обиделе да ја напуштат областа по пат што не бил предвиден за евакуација, по што биле опколени од пламените јазици.

Регионалните власти се сомневаат дека жртвите се британски државјани, бидејќи возилата пронајдени на местото имале волан од десната страна, но нивниот идентитет сè уште не е официјално потврден.

Претседателот на Андалузија, Хуан Мануел Морено, изјави дека 19 лица сè уште се водат како исчезнати, додека околу 1.000 жители и туристи биле евакуирани како мерка на претпазливост.

Според првичните информации, пожарот најверојатно избувнал откако далновод паднал во близина на автопатот N-340, по што огнот брзо се проширил низ шумската област.

Слични вести