Најмалку 12 загинати во експлозија во антитерористички оддел на полицијата во Пакистан

by Fokus

Најмалку 12 лица загинаа, а 50 се ранети во експлозија на муниција предизвикана од краток спој во антитерористичката единица на пакистанската полиција, соопштија денеска локалните власти.

Експлозиите „во канцеларијата“ на полицијата во Кабал, во северозападната долина Сват, предизвикаа зградата „да се урне до темел“, изјави Калид Сохаил, шеф на полициската служба за борба против тероризмот.

Шефот на полицијата на Сват, Шафи Ула Гандапур, додаде дека експлозиите биле предизвикани од краток спој во подрумот каде што имало „рачни гранати и други експлозивни направи“.

– Нема индикации дека експлозиите се поврзани со надворешен напад или со напад на бомбаш-самоубиец, рече тој.

Шефот на полицијата Ахтар Хајат рече дека „повеќето од жртвите се полицајци“.

Поврзани новости