Најмалку 12 луѓе загинаа откако автобус излета од патот во Турција

by Fokus

Најмалку 12 луѓе загинаа, а 19 се повредени кога автобус излетал од патот во Турција.

Информациите од турските медиуми се дека возачот на автобусот изгубил контрола над возилото, кое преминало на спротивната лента и паднало во канал во градот Јозгата, изјави гувернерот Мехмет Али Озкан. Автобусот сообраќал од Сивас за Истанбул.

Информациите се дека 11 лица загинале на лице место, а едно лице починало во болница.

Озкан додаде дека се уште се истражува причината за инцидентот, но дека најверојатно се работи за невнимание на возачот.

 

Поврзани новости