Најмалку сто луѓе загинаа, а десетици се повредени денеска во големите поплави и свлечишта предизвикани од обилните врнежи што го зафатија главниот град на Конго.
Околу 12 милиони луѓе живеат во 24-те области на Киншаса зафатени со поплавите. Локалните власти соопштија дека има жртви, дека се поплавени куќи и уништени патишта.
Повеќе од триесет луѓе загинаа во областа Нгалиема, а бројот загинати се уште не е утврден, рече градоначалникот на областа, Алид или Цибанда.
Во друг дел од градот загинаа пет членови на исто семејство.
„Тажно е да се загубат сите членови на семејството“, изјави 30-годишниот Пјеро Манртуела, кој ги загуби мајка си, деветгодишната ќерка и тројцата браќа, а самиот остана жив затоа што во време кога почна да врне бил на работно место.