Десет тинејџери загинаа, а 19 се повредени во напад на фудбалско игралиште во Голанската висорамнина, анектирана од Израел, соопшти израелската служба за итни случаи.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека ракетата паднала во областа Мајдал Шамс на таа територија, пишува Би-би-си.
Нападот беше најсмртоносниот во регионот откако ескалираше прекуграничната размена на оган меѓу израелската војска и Хезболах кога започна војната меѓу Израел и Хамас во октомври.
Video circulating on social media purportedly showing the rocket attack on Majdal Shams. pic.twitter.com/PqNIurRzc3
— Joe Truzman (@JoeTruzman) July 27, 2024
ИДФ го обвини Хезболах за нападот, но портпаролот на Хезболах, Мохамад Афиф негираше „каква било поврзаност со инцидентот на Мајдал Шамс“.
„Сите обвинувања за вмешаност на нашата група се лажни“, рече тој.
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац изјави за израелскиот Канал 12 во саботата:„Се соочуваме со сеопфатна војна.
BREAKING: THE ‘ATTACK’ ON ISRAEL WAS AN IRON DOME INTERCEPTOR MISSILE FAILURE
Some within Israeli media are claiming that it was an iron dome interceptor and not even from south Lebanon.
The interceptor was fired to stop Hezbollah’s rockets at northern occupied Golan it failed… pic.twitter.com/NUJg7X6ozP
— Sulaiman Ahmed (@ShaykhSulaiman) July 27, 2024
Нападот уследи по израелскиот напад врз Либан во кој загинаа четворица милитанти. Хезболах истрела ракети како одговор, но негираше вмешаност во нападот врз Мајдал Шамс.
Видеото потврдено од Би-Би-Си покажува толпи луѓе на фудбалски терен и носилки кои набрзина се префрлаат во амбулантни возила кои чекаат. Мајдал Шамс е едно од четирите села на Голан каде живеат околу 25.000 Друзи.
Им беше понудено израелско државјанство кога сириската Голанска Висорамнина беше анектирана во 1981 година, но повеќето од нив одбија. Тие можат да студираат и да работат во Израел, но не и да гласаат.