610
Скопјанецот Иван (30) кој минатиот месец заедно со пријателите исчезна на отворено море од плажата Мити на Халкидики, но беше спасен по 20-тина часа од грчките спасувачки служби, ја раскажа својата шокантна приказна за преживувањето и спасувањето.
Тој за телевизија СКАИ ги пренесе своите најлоши моменти од тој настан и во еден момент помислил дека нема воопшто да биде најден.
„Вториот ден кога видов дека сите бараат по околните места и тогаш сфатив дека веројатно нема да ме најдат. Беше разочарувачки. Поминаа 20 скоро 21 час. Тоа беше најлошиот роденденски подарок, во смисла на хоророт низ кој поминав“, додава тој.