Колку и да се негира, вистината е дека темите за нечија врска, брак, па и развод, се најинтересни меѓу читателите. И колку е поневообичаена таа врска, колку е поконтроверзна, или во најмала рака скандалозна, толку е поголема љубопитноста на јавноста за неа. Кои се најкоментираните парови за изминатата година?
АГНЕСА ОРГАНЏИЕВА И РОБЕРТО ОРДАНОСКИ
Доколку, на пример, го „изгуглате“ името на поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации, Роберто Орданоски и името на неговата, сега веќе поранешна сопруга Агнеса, за неколку секунди ќе добиете над 500.000 резултати од барањето. Бројот на овие резултати ќе беше многукратно понизок, доколку „гуглањето“ се случеше во 2020 година, пред да почне нивната бракоразводна драма, која се најде како топ вест во сите медиуми.
Јавната прозивка на екс директорот кон Агнеса Орданоска, сега веќе според моминското презиме Органџиева, неговото изнесување на проблемите и недоразбирањата од личниот живот пред очите на целата јавност, предизвика неверојатен интерес, па двојката стана еден од најкоментираните на социјалните мрежи.
ДУНАВКА ТРИФУНОВСКА И ВАНЕ ЦВЕТАНОВ
Поранешниот директор на Финансова полиција Ване Цветанов годинава се ожени со поранешниот модел и фармацевт по професија, Дунавка Трифуновска, а како двојка станаа интересни за јавноста по личните приказни за кои Цветанов, без пардон, јавно зборуваше. Раскажуваше дека Дунавка го спасила од поранешната партнерка, која била опседната со него и го прогонувала, за запросувањето во авион, за тоа како се препородил откако ја запознал.
Но, не помина долго време откако екс директорот јавно се пофали дека љубовта му цвета, кога на изненадување на јавноста, по пет месеци брак, двојката објави дека се разведува. Сепак, по еден месец, тие решиле да ѝ дадат нова шанса на љубовта, па објавија заеднички фотографии од спа-хотел во Охрид, порачувајќи ѝ на јавноста дека ги надминале проблемите.
МАРИЈА ПИЈАНМАНОВ И КОНСТАНТИН ПЛЕВНЕШ
Режисерот Константин Плевнеш, син на дипломатот и драмски писател Јордан Плевнеш, и неговата сопруга Марија Пијанманов, струмичанка, дипломиран историчар на уметност, која своевремено била модел и новинарка во „Нова Македонија“ се секако двојката што е неизоставен на листата на најкоментирани. Тие живеат во Париз, Франција, но секое нивно јавно појавување во нашите медиуми предизвикува лавина од коментари и реакции на социјалните мрежи.
Доволно е да се слушне само мал дел од излагањата на Марија, музата на Константин, за да стане јасно зошто секогаш успеваат да се најдат во центарот на вниманието. Приказни за животот на висока нога во Париз, за луксузот во кој уживаат, за тоа дека се омилени гости во најпопуларните париски локали, дека таа е жена што инспирира и многумина ја копираат, за џет-сетот на кој припаѓаат, сето тоа е само мал дел од она што струмичанката, а денес парижанка, во повеќе пригоди го потенцира.
Вики Клинчарова
Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.