„Најк“ и „Адидас“ бараат Трамп да не воведува нови царини за обувките од Кина

by fokus

Над 170 американски произведувачи на обувки, меѓу кои и „Најк“, „Адидас“ и „Андер Армор“ испратија отворено писмо до претседателот на САД Доналд Трамп, повикувајќи ги да ги симне нивните производи од црната листа на кинескиот увоз.

Во писмото што го испратија до претседателот, велат дека царините од 25 проценти, кои Трамп ги предлага за чевлите увезени од Кина, ќе имаат катастрофални последици врз потрошувачите, компаниите и за американската економија во целост.

Погодени од ваквата ситуација се и познатите брендови „Адидас“, „Најк“ и „Андер армор“, јави Гласот на Америка.

САД минатата година увезоа чевли од Кина во вредност од 11.4 милијарди долари, иако некои производители го префрлија бизнисот во други држави, како Виетнам и Камбоџа.

Компаниите велат дека предложените царини за чевли произведени во Кина можат да ги чинат американските потрошувачи повеќе од седум милијарди долари годишно, покрај веќе постоечките давачки.

На 10 мај Трамп ги зголеми царините на кинескиот увоз од 200 милијарди долари од 10 на 25 отсто.

Поврзани новости