495
Србија горда, Новак Ѓоковиќ успеа да го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз, откако победи во големото финале против Карлос Алкараз со 2:0, во сетови 7:6, 7:6 по повеќе од три часа тенис на „Филип Шатрие“.
Новак Ѓоковиќ со оваа победа го освои златниот медал, со што му недостасуваше последното парче од сложувалката за да ја „заокружи“ својата тениска кариера.
Едноставно, сега Новак Ѓоковиќ слободно може да каже дека е најдобриот досега, најдобриот кој држел рекет в раце, а поради него се појавија многу спортски ѕвезди.
Тука се и Ерлинг Халанд, Леброн Џејмс, Франческо Тоти, Расел Вестбрук како и многу други спортисти ширум светот, кои веднаш се собраа на Инстаграм профилот на Новак Ѓоковиќ за да му честитаат за успехот: